- - e-cigarа.net електронска цигара – поздраво пушење

е-цигара македонија
е-цигари - Е-пушење и здравјето
e-cigareta hrvatska e-cigareta bosna i hercegovina
 

Користење на е-цигарата

Сподели

 


eletronic cigarette association

 


Сите добро знаете колку пушењето е штетно за здравјето. Најголема опасност од цигарите е туморот (рак) на белите дробови, усната шуплина, грлото.... Покрај тоа  постојат и голем број други проблеми кои се јавуваат како тешкото дишење, побрзо стареење на организмот, слаба кондиција, ослабнат имунитет, помала потенција, непријатен здив,.... За сето ова заслужни се преку 4000 разни хемиски соединенија кои се наоѓаат во класичната цигара кои Вие ги вдишувате при пушењето. Никотинот во мали количини нема поголемо негативно влијание врз здравјето, освен стварањето на зависност. Затоа е-цигарите кои содржат само никотин, без другите штетни соединенија се многу подобри за Вашето здравје.

Основната состојка на пареата која ја вдишувате при користењето на е-цигарата е пропилен гликол (околу 90% од течноста), покрај тоа тука е и никотинот и одредена арома. Пропилен гликолот често се користи во прехрамбените производи, козметиката, и сл. како овлажнувач. Пропилен гликолот нема штетно влијание врз здравјето. Студиите "University of Chicago's Billings Hospital" докажале дека пропилен гликолот не само што не е штетен, туку во вид на пареа, што е случај кај е-цигарата, може да служи и како стерилизатор на воздухот затоа што ги убива бактериите и вирусите. На тој начин пареата од пропилен гликол е корисна во заштитата од вирусите и бактериите кои го предизвикуваат грипот, запалението на белите дробови и другите респираторни болести.

Постојата две основни рецептури во изработката на е-течноста која е-цигарата ја претвора во пареа:

1.  ПРОПИЛЕН ГЛИКОЛ + НИКОТИН + АРОМА = ПГ е-течност
2.  РАСТИТЕЛЕН ГЛИЦЕРОЛ + НИКОТИН + АРОМА = ВГ е-течност

Е-течноста на база на растителен глицерол исто така не е штетна, а вклучена е од причина што еден мал процент на луѓе не го поднесуваат добро пропилен гликолот. Покрај тоа е-течноста на база на растителен глицерол прави малку погуста и потешка пареа.

Покрај наведените постојат и е-течности без никотин, а во последно време се појавија и е-течности без арома како и е-течности збогатени со разни витамини и елементи во трагови.

Ако не можете или не сакате да престанете да пушите е-цигарите се можност да пушите поздраво. Вашето тело и луѓето со кои живеете и се дружите ќе Ви бидат благодарни. За само 2-3 седмици ќе почувствувате битни промени кои водат кон подобрување на Вашето здравје. Како ќе се чисти телото од штетните влијанија од пушењето класични цигари, така ќе ви се поправи чувството за мирис и вкус, полесно ќе дишете,  и со текот на времето  ќе исчезнат симптомите кои настанале со пушењето. Е-цигарите се многу веројатно иднина на пушењето.

е-пушенје цигара

Заклучок од истражувањата за сигурноста на користењето на е-цигарата, кој во Октомври 2008 година го направи Health New Zeland:

Сигурност во користењето на е-цигарата

Заклучок

Цел.Овој извештај има за цел да им помогне на регулаторните тела во почетната проценка на сигурноста од Ruyan ® е-цигарите и нивните полнења, и можните ризици и поволности за давање на дозвола за нивна употреба.
Метод. Health New Zealand Ltd  договорил соработка со седум водечки владини, универзитетски и комерцијални лаборатории во Нов Зеланд и Канада за самостојно спроведување на разни тестови на никотинските полнења за Ruyan е-цигарите.

Сознанија. Ruyan е-цигарата е дизајнирана така што треба да биде алтернатива на пушењето. Резултатите од разните тестови го потврдуваат токму тоа. Е-цигарата е многу сигурна во однос на цигарите, исто така сигурна во апсолутните термини во сите мерења кои се применети. Користејќи ја микроелектрониката е-цигарата испарува, одделно при секое вовлекување, многу мала количина на никотин растворен во пропилен гликол, две мали добро познати молекули со одличен сигурносен профил – во фин чад. Секое вовлекување содржи 1/3 до 1/2 од никотинот кој се вовлекува со користење на класичната цигара.Течноста во полнењето не содржи тутун, па затоа нема ни согорување.

Компетентност.Авторот на овој извештај е автор и ко-автор на преку 30 научни трудови и извештаи во национални и меѓународни научни медицински списанија од 1995, на тема пушење, а во последно време и на тема тестирање на цигарите и вештачките цигари.

Финансирање. Овојизвештај е финансиран од страна наRuyan е-цигарата. Покрај истражувањата Health New Zealand нема никаква финансиска полза од корпорацијата Ruyan.

Ограничувања. Доколку не е поинаку наведено, истражувањата се однесуваат исклучително на Ruyan е-цигарата.

Извор: Комплетен извештај на англиски јазик за Сигурноста во користењето на е-цигарата.

 

| E-cigareta novosti | Elektronska cigareta | E-cigareta | Električna cigareta | Е-cigarete | E-cigara Forum |

e-mail: info@e-cigarа.net
Copyright © e-cigarа.net - 2009 All rights reserved
03.02.2011 by many