- - e-cigarа.net електронска цигара – поздраво пушење

е-цигара македонија
е-цигари - Технологија на е-цигарата
e-cigareta hrvatska e-cigareta bosna i hercegovina
 

Користење на е-цигарата

Сподели

 


eletronic cigarette association

 

Е-цигарите во суштина се микроелектронски состав. Се состојат од 3 основни дела.


Составни делови на е-цигарата се:

1. БАТЕРИЈА (автоматска или мануелна)
2. РАСПРСНУВАЧ (се нарекува уште и атомизер и респиратор)
3. ПОЛНЕЊЕ (се нарекува уште и рефил, патрон, кетриџ - chartridge)

Со секоја е-цигара,во зависност од моделот и производителот, во стартниот пакет или дополнително има уште:
4. ПОЛНАЧ ЗА БАТЕРИИ (полнач за 220V, USB полнач, полнач за кола)
5. ДОДАТОЦИ И ДЕЛОВИ (etui за носење, вреќичка за носење на резервната батерија, резервен распрснувач и сл.)
6. РЕЗЕРВНИ ПОЛНЕЊА (се користат кога ќе се потрошат оригиналните)
7. Е-ТЕЧНОСТ (се користи за дополнување на празните полнења или за капнување директно во распрснувачот)

Е-цигарата работи на следниов начин: кога ќе се повлече „дим“, цигарата автоматски се активира, батеријата го активира електронскиот распрснувач и се создава пареа која ја вовлекувате и во која се наоѓа растворениот никотин.


На врвот на е-цигарата се наоѓа LED лампичка која се активира кога се вовлекува димот и имитира жар на класична цигара.  Покрај тоа функцијата на LED лампичката е и да сигнализира кога батеријата е празна (забрзано трепкање веднаш по повлекувањето), како и да сигнализира ограничено временско траење на едно вовлекување (на пр. Треперење по 5 секунди вовлекување). Некои модели немаат такво ограничување на едно вовлекување. Целта на таквото ограничување е да не се претера во количеството на пареа кое се вдишува и да се спречи прегревање на распрснувачот.

е-цигари технологија електронске цигари

Секоја е-цигара има никотинско полнење (рефил) во кој се наоѓа мал резервоар на е-течност. Распрснувачот е во допир со е-течноста и ја впива во посебна мрежеста метална структура. Со вовлекување се активира батеријата која го напојува со струја распрснувачот, кој се грее и се создава пареа која по темтературата е слична со температурата на тутунскиот чад. Сите полнења за е-цигарата можно е да се надополнуваат со е-течнноста кога ќе се испразнат, што е многу поекономична опција од користење на готови полни полнења, што е поскапа опција.

Батериите кај е-цигаратасе одново полниви Li-ion или Li-polymer. Батериите се активираат автоматски на повлекување или постојат и модели кои се активираат и рачно со притисок на мало копче на батериајта. Постојат и еднократни модели на е-цигара, чии батерии не се полнат, па тие по празнењето на батеријата се фрлаат.

Трајноста на деловите на е-цигарата и старт пакетот се различни. Еднократните модели траат додека не се потроши полнењето или батеријата. Моделите со батерии на полнење се потрајни.  Батериите имаат околу 300 циклуси на полнење и празнење. Полначите се трајни. Распрснувачите трајат од 2-3 недели па се до неколку месеци. Трајноста на распрснувачот зависи од моделот но и од самиот корисник односно од начинот на користење. Распрснувачот во себе има грејач кој е осетлив ако се користи на суво, односно без е-течноста, ако се прегрее и слично.  Полнењата се трајни, односно може да се полнат со е-течноста неограничен број пати, во зависност од корисникот може да се уништат, испрљаат и сл. па во тој случај е потребно да се заменат. Постојат резервни делови па така може да се заменат сите делови на е-цигарата како и на старт пакетот ако се потрошат или расипат, меѓутоа пожелно е да се има секој од деловите да се има по 2 парчиње, како во случај на дефект да немате што да пушите.


Во почетокот димензиите на е-цигарата беа значително поголеми од класичните цигари, но денес се се помали и личат на обичните цигари. Моментално оптимални за користење се моделите со должина помеѓу 100 и 120 мм. Помалите модели патат од битен пад на перформансите, додека пак поголемите модели заради големината стануваат незгодни за користење.

електронска цигара

Ова видео ја опишува технологијата на е-цигарата:

 

| E-cigareta novosti | Elektronska cigareta | E-cigareta | Električna cigareta | Е-cigarete | E-cigara Forum |

e-mail: info@e-cigarа.net
Copyright © e-cigarа.net - 2009 All rights reserved
03.02.2011 by many